Поврзете се со нас

Шпанија

Ковид криза во Атлетико: Последното засилување се приклучи на триото „позитивни“

Објавено

на

Атлетико Мадрид ќе има навистина згуснат распоред во домашното првенство и во период од 12 дена ќе одигра четири средби, а Чоло Симеоне нема да може лесно да го бира својот тим, бидејќи коронавирусот од ден во ден му прави се поголем проблем.

Откако минатата недела во изолација беа испратени Караско и Хермосо, на нив двајца вчера се приклучи Жоао Феликс кој имаше позитивен Ковид тест, а денеска пристигна информација и за четврти инфициран играч во првиот тим.

Станува збор за последното засилување на Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок, фудбалерот кој беше доведен како директна замена за Диего Коста кој одлучи предвреме да го раскине договорот со „душекџиите“.

Французинот Дембеле немаше можност да дебитира за тимот на Чоло Симеоне, а сега дополнително ќе почека за такво нешто откако стана четврти играч кој е испратен во изолација.

Дембеле е испратен во карантин во својот дом исто како и останатите тројца играчи на Атлетико, па повеќе од јасно е дека Чоло има непосакувани проблеми пред четирите меча кои пристигнуваат во краток временски интервал, започнувајќи со дуелот против Селта претстојниов викенд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни