Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Тоа што го прави Халанд е лудо

Објавено

на

Ливерпул има големо заостанување зад водечките екипи во Премиер лигата, а менаџерот Јирген Клоп признава дека дури ни Мохамед Салах не може да му парира на Ерлинг Халанд.

Норвежанецот ги полни мрежите во дресот на Сити, додека Салах сезонава постигна само два гола и е далеку од статистиката со која минатата сезона беше на врвот на листата на стрелци.

– Се надевам дека Салах ќе експлодира во еден момент, нешто што го очекувам од нас и како екипа.

– Неговите додавања се добри, но никој не може да се споредува со Халанд, тоа што го прави е лудо. Се работи за одличен фудбалер во одлична екипа и не треба да правиме споредби со него.

– Факт е и дека Мо очајно сака да постигнува голови во секој момент. Побарајте го за 20 години, ќе биде истиот, – изјавил Клоп.

Ливерпул денеска ќе има потреба од голови на Салах, бидејќи за противник го има сезонава одличниот Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни