Поврзете се со нас

Англија

Клоп му испрати искрен совет на Џерард откако заработи отказ во Астон Вила

Објавено

на

Последниот пораз на Астон Вила од Фулам резултираше со отказ за Стивен Џерард и легендата на Ливерпул остана без работа, па сосема очекувано, јавноста брзо заборави на неговата успешна етапа во Ренџерс и денеска во фокусот е неговата очајна статистика во Бирмингем.

Стиви Џи победи само на 12 од 39-те натпревари како менаџер на Астон Вила и не го преживеа ултиматумот кој му го постави раководството пред мечот со Фулам, а кој гласеше дека мора да победи на следните два меча во Премиер лигата.

Џерард не ја дочека втората шанса против Брентфорд претстојниот викенд и вчера на полноќ доби експресен отказ од водечките луѓе, но ако медиумите се занимаваат со неговите лоши бројки, има и такви кои му даваат поддршка на Џерард.

Еден од нив е Јирген Клоп, кој во улога на ментор и доста поискусен во тренерската работа му порача на Стиви Џи да направи мала пауза од фудбалот и да одмори пред следниот предизвик кој сигурно ќе го добие.

– Сигурен сум дека тој ќе се врати во фудбалот и ќе се врати за добро. Го следам од самиот старт на неговата тренерска кариера и имав разговор со него ова утро. Не беше ништо длабоко и долго, но имав разговор со него. Свесен сум дека ова е разочарувачки за него поради амбициите кои ги имаше, но нема потреба да се грижиме за Стиви.

– Тој добро ја познава оваа игра и знаат како одат работите, знае дека може да дојде до ова. Во животот добивате многу удари, најважно е како ќе одговорите. Тој секогаш се враќам и ќе се врати и од ова. Сите тренери учиме од ваквите работи и потоа наоѓаме подобри места. Тој ќе се врати, но пред да го направи тоа, мој совет е да одмори и да си даде време. Тој непрестано работи откако престана да игра фудбал и мислам дека треба да одмори и да ги наполни батериите пред следниот предизвик, – вели Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни