Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ по симултанката против Голден Стејт: Имам ужасни соиграчи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА лигата со три трипл-дабли натпревари во низа на кој забележал најмалку по 14 скокови и 14 асистенции, а неговата нова симултанка го водеше Денвер до нова победа.

Нагетси по четврти пат ги победија ѕвезедите на Голден Стејт и полека им набиваат комплекс на „воините“, но покрај тоа што воодушеви со настапот, популарниот „Џокер“ беше расположен и при интервјуата по крајот на мечот.

Сосема очекувано, Јокиќ ги стави своите индивидуални бројки во втор план, но затоа даде урнебесен одговор на прашањето кое му го постави новинарот.

Јокиќ наполни 29 години минатиот понеделник, па новинарот го интересираше дали добил некој подарок од своите соиграчи.

– Не, не добив апсолутно ништо. Навистина лоши, лоши соиграчи. Имам ужасни соиграчи, – порача Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни