Поврзете се со нас

Италија

Интер не брилјираше против Аталанта, но Шкриниар се погрижи за важни три бода (Видео)

Објавено

на

ЏанПјеро Гасперини и натаму има проблеми кога се соочува со својот поранешен клуб Интер, а доказ за тоа добивме и оваа вечер во ситуација кога еден израмнет меч заврши со победа на лидерот на табелата.

Интер не брилјираше на „Џузепе Меаца“ и не покажа допадлив фудбал, но сепак на крајот ја оствари целта и успеа да го надитри ривалот од соседството. Тимот од Бергамо имаше јалова посед и два удари повеќе во рамките од голот, но Интер со единствениот во рамките на голманот Спортиело ја погоди целта.

Хандановиќ имаше една одлична одбрана во првото полувреме по удар на Запата и спречи водство на Аталанта, додека во вториот дел, Интер одново тргна резервирано и со гранитна одбрана, а потоа ја дочека својата шанса.

По еден карамбол во шеснаесетникот на Аталанта, Шкриниар се најде на вистинско место во вистинско време и погоди за 1:0 во 54-та минута, по што следеше комплетно тактичко затворање од Конте, кој успеа да го одбрани овој важен резултат.

Овие три бода се исклучително важни за Интер во шампионската трка, бидејќи „нераѕурите“ ја задржаа предноста од шест бода во однос на Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни