Поврзете се со нас

Формула 1

Хорнер откри колку пари загуби Ред Бул поради уништениот болид на Ферстапен

Објавено

на

Кристијан Хорнер не го криеше бесот по трката за Големата награда на Британија и директно го нападна Луис Хамилтон за опасно возење, а шест дена подоцна, тимскиот шеф на Ред Бул се уште е под импресии и вели дека тимот ги разгледува сите опции за поднесување жалба за преблагата казна која ја доби актуелниот шампион.

Макс Ферстапен со голема брзина заврши во заштитната ограда по ударот од Хамилтон и беше испратен во болница на детални проверки, но покрај тоа што зборуваше за сите спортски аспекти, Хорнер во последното обраќање откри и колку пари изнесува штетата врз уништениот болид.

– Ферстапен ќе седне во болидот во Унгарија, но не во овој кој беше уништен и кој не може да се користи во иднина. Не е тајна како се чувствувавме по трката и истото го чувствуваме и сега.

– Хамилтон доби блага казна за типот на инцидентот кој го предизвика. Со оглед на тежината на инцидентот и благата казна која ја доби, ги разгледуваме сите спортски аспекти и докази за испражаќе жалба.

– Другиот значаен фактор за нас е елементот за ограничување на трошоците во текот на сезоната. Овој инцидент нас не чинеше 1.8 милиони долари и штетата врз болидот ќе има огромни последици за нас во ера во која има буџетски ограничувања во Формула 1, – вели Хорнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни