Поврзете се со нас

Формула 1

Хелмут Марко: Сите видоа што се случи, но ние нема да паднеме на нивно ниво

Објавено

на

Хелмут Марко во своето прво обраќање по контроверзните случувања на Силверстоун побара суспензија за Луис Хамилтон, но бидејќи и самиот тој е свесен дека нема да дојде до такво нешто, легендарниот советник на групацијата Ред Бул се помири со реалноста и сврте нов лист пред новите предизвици во Ф1 сезоната.

Одличната предност од повеќе од 30 поени се стопи во една трка и Макс Ферстапен има само 8 бодови предност пред Хамилтон по спорниот судир во неделата, но додека одредени луѓе од Ф1 кулоарите говорат за идна одмазда од страна на холандскиот возач, Хелмут Марко вели дека никој во Ред Бул нема да падне толку ниско.

– Макс ќе направи се што е во негова моќ да стигне до титулата светски првак, тоа е она што ќе го води и по оваа трка на Силверстоун. Нема да се насочиме кон одмазди и слични глупости. Нема да паднеме на тоа ниво, – вели Хелмут Марко во интервјуто за познатиот австриски весник „OE24“.

– Ништо нема да се промени, но сите видоа што се случи. Хамилтон никогаш немаше да го фати свијокот со линијата која ја имаше при таа брзина, беше премногу внатре и удри во задното тркало на Ферстапен.

Хелмут Марко е во навистина добри односи со семејството Ферстапен и одблиску ја следел состојбата на Макс откако беше префрлен во болница, па сега и откри на јавноста дека возачот е испратен на домашно лекување.

– Макс се врати во Монте Карло и физиотерапевтот веќе работи со него. Се уште се жали на болки во вратот, но останатото е изненадувачки добро. Мислев дека нема да може да оди неколку дена, – завршува Марко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни