Поврзете се со нас

Формула 1

Хелмут Марко побара суспензија за опасниот Хамилтон

Објавено

на

Инцидентот на почетокот на трката на Силверстоун донесе многу реакции и пред се незадоволство во редовите на Ред Бул.

Обвинувањата на Кристијан Хорнер за опасното возење на Луис Хамилтон и забелешката на Макс Ферстапен дека Британецот се однесувал некоректно славејќи ја еуфорично победата додека тој бил во болница се надополнети со изјавата на Хелмут Марко како висок претставник на Ред Бул.

– Не знам која е максималната казна, но ваквото неодговорно и опасно возење мора да биде казнето со суспензија или нешто слично.

– Кога има целосен судир на неговото предно со нашето задно тркало, тоа веќе не е тркачки инцидент, туку опасен дуел во најбрзиот свијок.

– Ваков потег не се прави ако се однесувате спортски на патеката, – изјавил Марко за германски „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни