Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола лут поради коментарот на Чеферин: Како адвокат треба да ја знае процедурата

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола не е пресреќен со коментарите на Александер Чеферин на сметка на Манчестер Сити и му одговори на првиот човек на УЕФА.

Менаџерот на Манчестер Сити се налутил поради изјавата на Словенецот, кој зборувал за обвинувањата за прекршување на Финансискиот фер плеј од стана на премиерлигашот, потенцирајќи дека УЕФА била во право кога го казнила со две години неиграње во Лигата на шампионите.

Одлуката беше поништена од Спортскиот арбитражен суд, а сега Сити ќе одговара за слични прекршоци пред независната комисија на Премиер лигата.

– Како адвокат и претседател на УЕФА треба да почека пред да дава коментари.

– Треба да покаже почитување и да почека.

– Си има доста работа во УЕФА, а како адвокат треба да знае дека треба да ја почитува процедурата и дека ние имаме право на одбрана, – изјавил Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни