Поврзете се со нас

НБА

Грин за физичкиот напад на соиграч: Го гледав видеото 15 пати…

Објавено

на

Дрејмонд Грин првпат јавно зборувал за големиот инцидент на тренинг на неговата екипа Голден Стејт, во кој го удри својот соиграч Џордан Пул и се извинил за својата постапка.

Грин ги шокираше фановите со својот потег, а сега вели дека откако го гледал видеото, се срами од тоа што го направил.

– Моето однесување беше погрешно и тоа ме засрамува, а поголем проблем е што со тоа што се случи ќе треба да се носи и Џордан, клубот и неговото семејство.

– Видеото го виделе неговите родители, да го видеше мојата мајка, знам како ќе се чувствуваше.

– Јас го гледав повеќе од 15 пати и секогаш помислував: Ова е страшно, изгледа пострашно од што мислев, – изјавил искрениот Грин.

Се појави снимка од инцидентот во таборот на НБА шампионот: Како Грин брутално го нокаутираше Пул (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни