Поврзете се со нас

НБА

Се појави снимка од инцидентот во таборот на НБА шампионот: Како Грин брутално го нокаутираше Пул (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипите во НБА лигата се подготвуваат за новата сезона, а во текот на овие завршни моменти, тренинзи и натпревари се случи поголем инцидент и тоа во таборот на актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс.

Медиумите известија дека Дрејмонд Грин му земал мерка на помладиот колега Џордан Пул и го нокаутирал. Сега од таа ситуација излезе видео снимка која ја објави ТМЗ и на која се гледа Грин му се доближува на Пул по што овој вториот го турка од себе по што следуваше реакција на ветеранот кој го прегази 23-годишниот Џордан.

Дрејмонд се извини за инцидентот, ќе добие казна, санкција за потегот, ама ова ќе биде решено внатре во организацијата.

-Овие работи се случуваат. Никому не му се допаѓа, ние не го одобруваме, но се случува. Дрејмонд му се извини на тимот. Џордан беше таму во собата. … Што се однесува до секоја суспензија, казна, парична казна, ние ќе се справиме со тоа внатрешно, -порача генералниот менаџер на „воините“ Боб Мајерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни