Поврзете се со нас

Италија

Германското засилување за Интер пристигна во Милано (Видео)

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер наредниве денови официјално ќе промовира уште еден нов фудбалер, а тоа е Јан Бисек.

Германскиот младински репрезентативец вечерва пристигна во Милано и утре ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе стави и потпис на договорот со италијанскиот клуб.

Трансферот на Бисек е договорен уште пред еден месец, но тој настапуваше на У-21 Европското првенство и дури сега ќе ги заврши сите преостанати формалности.

Бисек има камерунско потекло, но е роден во Германија, а досега настапуваше во дански Архус, на кого Интер ќе му плати 7 милиони евра на две еднакви рати.

Се работи за стопер кој има 22 години и зад себе веќе има настапи за сите младински категории на германската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни