Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гасперини за ефектот на Роналдо: Замислете, некои велеа дека бил проблем

Објавено

на

Џан Пјеро Гасперини и неговата Аталанта повторно беа блиску до победа над Манчестер Јунајтед, но иако на вториот дуел освоија барем бод, останува пропуштената шанса да освои целиот плен против славниот англиски клуб.

Италијанскиот тренер по дуелот бил прашан што мисли за Роналдо, но и што му рекол на Португалецот во кратката конверзација по мечот.

– Што можам да кажам за Роналдо? Тоа е лудост, никогаш не се повлекува.

– Некои дури рекоа дека бил проблем, замислете го Роналдо како проблем.

– Речиси никогаш не промашува, половина удари се голови, а другата половина одбранети од голманите. А, за некого тоа е проблем…

– На крајот му реков: Знаеш како велиме во Италија, оди по ѓаволите…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни