Поврзете се со нас

Франција

Галтие: Рамос доби црвен картон за нешто што е секојдневие на шпанските терени (Видео)

Објавено

на

Серхио Рамос го доби својот 28-ми црвен картон во кариерата и го остави ПСЖ на цедило против Ремс, гостување на кое првакот на крајот не успеа да оствари победа.

Ремито од 0:0 може да се смета за добро само поради фактот што претходно Марсеј загуби на домашен терен од Ајачио, но неповолна вест за Галтие е тоа што може да го загуби Рамос на повеќе натпервари.

Дисциплинците во Франција ќе одлучуваат колку е лоша навредата на Рамос во зависност од записникот на главниот судија, а Галтие призна дека Серхио употребил пцовка, иако додава дека истата е секојдневие во Шпанија и не се смета за директна навреда (Puta madre).

– Ваквите ситуации се доста специфични со фудбалери кои доаѓаат од друга земја. Пред неколку години доживеав нешто слично со странскифудбалер. Многу добро го познавам Рамос, сигурен сум дека навредата не беше наменета за судијата.

– Тоа е обична пцовка која се користи на секој тренинг во Шпанија, се слуша на секој натпревар во Шпанија и не треба да се смета како директна навреда. Судијата мислеше поинаку и тоа го сфати како лична навреда и затоа го исклучи, – порача Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни