Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен доби удар од Расел, па го „награди“ со навредлив прекар по крајот на трката (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен мораше да се задоволи само со третото место на денешниот спринт во Баку, но актуелниот светски првак беше доста полут од случувањата во првиот круг.

Ферстапен имаше жесток дуел со Џорџ Расел уште на стартот и доби удар во левата страна од болидот, па иако изгледаше дека станува збор за мал контакт, на крајот од трката стана јасно дека возел со дупка во средишниот дел.

Возачот на Ред Бул ја доби следната битка со Расел на патеката и успеа да го престигне, но имаше и што да му каже по крајот на спринт трката која инаку ја доби Чекор Перез.

Расел: Немав доволно грип….

Ферстапен: Мајсторе, никој нема грип во првиот свиок, мора да оставиме малку простор…

Расел: Знам, знам

Ферстапен: Очекувај исто од мене следниот пат. К.роглав…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни