Поврзете се со нас

Евролига

Ѕвезда на Макаби се „исклучи“, агресивно тргна да дели правда со судијата (ВИДЕО)

Објавено

на

Басконија славеше над Макаби Тел Авив со 92:82 во средбата во Евролигата и со тоа одново дојде до позитивен учинок во натпреварувањето (13/12), но и до подобар резултат во меѓусебните дуели со израелскиот тим што може да биде клучно на крајот кога се работи за местата кои водат во разигрувањето, топ 10 фазата.

Гостите не беа задоволни од некои судиски одлуки на теренот, а тоа најмногу го покажа Вејд Волдвин кој експлодираше по истекот на времето.

Тој тргна агресивно кон судијата Марчин Ковалски, му се внесе во лицето и ако брзо не реагираше Бонзи Колсон можеше да се случи поголем инцидент. За овој потег Вејд сигурно ќе заработи жестока казна од дисципинците во лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни