Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ: Кога го имате Јокиќ, секогаш сте фаворити

Објавено

на

foto: www.sandiegouniontribune.com

Денвер Нагетс и Далас Маверикс се соочија во НБА лигата, а ова воедно беше нова прилика да гледаме балканско дерби меѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Балканското дерби за Србинот: Јокиќ ја доби битката со Дончиќ и испиша историја во НБА лигата (ВИДЕО)

Двајцата имаа супер учинок, Јокиќ запиша трипл-дабл од 14 поени, 13 скока и 10 асистенции што севкупно се покажа како подобар ефект иако Дончиќ уфрли 37 поени и 9 асистенции.

Нагетс славеа со 118-109 што за нив беше 41 сезонски триумф со кој се убедливо први во западната конференција.

-Во оваа конференција има многу квалитетни тимови, многу се конкурентни. Сепак со играч како Никола Јокиќ, веројатно Нагетс се фаворити. Навистина е тешко да се игра против него. Значи, кога имате некој како Јокиќ, секогаш сте фаворити, -јасно и гласно порача Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни