Поврзете се со нас

Франција

Димитри испиша историја: Паје направи нешто што го нема направено никој во Франција (Видео)

Објавено

на

Марсеј пропушти шанса да ја продолжи победничката серија и загуби од Ајачио на домашен терен со резултат 1:2, но поразот најмалку тешко ќе му падне на играчот кој испиша историја.

Димитри Паје испиша ново поглавје во историјата на фрацунскиот фудбал и стана првиот играч кој стигнал до три цифри во најважните две фудбалски статистики, сето тоа откако постигна гол од пенал.

Погодокот против Ајачио беше јубеилеен 100-ти за Паје во француската фудбалска елита, а на тоа треба да се придодадат и 112-те асистенции кои ги има остварено во Лига 1.

Паје стана првиот фудбалер во историјата со најмалку 100 гола и 100 асистенции во Франција, податок со кој не можат да се пофалат ниту фудбалски легенди како Платини, Зидан или актуелната најголема ѕвезда, Килијан Мбапе.

Според голем број од француските експерти, Паје е еден од најпотценетите фудбалери во поновата фудбалска историја во Франција, за што говори и овој податок кој сега прави Димитри да биде фудаблски бесмртник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни