Поврзете се со нас

Шпанија

Членови на раководството на Барселона отпатувале во Доха за да го потврдат новиот тренер Чави

Објавено

на

Делегација на Барселона од денеска е во Доха и планот е денес или утре да биде потврдено дека Чави ќе го напушти Ал-Сад и ќе стане нов тренер на Каталонците.

Поранешниот фудбалер е прв избор на Жоан Лапорта и неговите соработници, а по досегашната непродуктивна комуникација меѓу двете страни, Барселона решила да го направи клучниот потег.

Клупскиот потпретседател Рафа Јусте и спортскиот директор Матеу Алемани отпатувале во катарската престолнина и таму ќе имаат состанок со раководството на Ал-Сад, кое треба да му даде зелено светло на Чави за враќање во својата земја.

Медиумите велат дека Чави ќе потпише договор до 2024 година, а неговата плата ќе биде помала од таа која во моментов ја добива како тренер на катарскиот прволигаш.

Барселона очекува Ал-Сад да го одобри „трансферот“ без отштета, а евентуалната промоција на Чави може да се очекува за во понеделник. Предводник на екипата за претстојниот дуел ќе биде в.д решението Серхи Бархуан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни