Поврзете се со нас

НБА

Бруклин го шокираше Бостон со голем пресврт, Феникс продолжи да победува со Дурент

Објавено

на

Фото: twitter.com/BrooklynNets

Бостон прерано почна да ја прославува победата над Бруклин, а аутсајдерот го искористи тоа за голем пресврт и победа за прекинување на негативната серија.

Селтикс имале плус 28 во вториот период, но и тоа не ги откажа упорните гости, кои на крајот славеа со резултат 105:115.

Бриџис со 38 и Џонсон со 20 поени биле најдобри поединци кај Нетс, додека Браун уфрлил 35 поени за домашниот тим. Бруклин со овој триумф ја прекина серијата од четири порази по ред во НБА лигата.

Кевин Дурент одигра уште еден натпревар за Феникс, а „сонцата“ повторно не погрешија користејќи го потенцијалот на тандемот Дурент-Букер, кој му пресуди на Чикаго со резултат 104:125.

Кеј-Ди имал 20 поени, додека Букер го завршил натпреварот со 35 поени.

Шарлот – Орландо 106:117
Атланта – Портланд 129:111
Бостон – Бруклин 104:115
Чикаго – Фeникс 104:125
Оклахома – Јута 130:103
Мајами – Њујорк 120:122
Денвер – Мемфис 113:97
Голден Стејт – Њу Орлеанс 108:99
Сакраменто – Л.А Клиперс 128:127
Л.А Лејкерс – Минесота 102:110

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни