Поврзете се со нас

АТП

Бекер и Мекинро се сложија околу фаворитот во финалето меѓу Синер и Медведев

Објавено

на

Јаник Синер и Данил Медведев ќе се борат за трофејот на Аустралијан Опен, а утре еден од нив ќе има специјален ден во Мелбурн, кој сигурно ќе го памети до крајот на животот.

Синер игра прво финале, додека Медведев ќе се обиде да стигне до трофејот во Австралија во третиот пласман на решавачкиот меч, а легендите Борис Бекер и Џон Мекинро имаат сличен став околу тенисерот кој има предност.

– Веќе го сметам Медведев за шаховски мајстор. Тој е брилијантен стратег, во полуфиналето успеа да промени брзина кога беше потребно, ја промени позицијата на сервис на противникот, сервираше подобро…

– Сепак, тој играше три меча во пет сета, додека Синер досега загуби само еден сет. Италијанецот ќе биде посвеж и тоа за мене е голема предност, – рекол Мекинро.

– Мислам дека Синер е фаворит, посебно ако го видиме времето кое Медведев го помина на терен досега. Играше над 20 часа на турнирот, додека Синер немаше загубено сет до полуфиналето, – вели Бекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни