Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона планира да комплетира три трансфери во текот на следната недела

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Шпанскиот шампион Барселона веќе ги договори Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез за новата сезона, но тренерот Чави знае дека тоа не е доволно за неговиот тим да биде конкурентен во сите натпреварувања.

Каталонците имаат многу поголеми амбиции и додека треба да внимаваат на финансиските параметри, сепак планираат да доведат уште неколку нови имиња, а шпанските медиуми предвидуваат дека Барса сака да ја заврши работата со дури тројца фудбалери во текот на следнава недела.

Првиот на списокот е Витор Роке, големиот бразилски талент за кого се договорени 35 милиони евра, но останаа за прецизирање уште одредени детали и кого Барселона сака да го потврди во најбрз можен рок.

Потоа следува турскиот фудбалер Арда Ѓулер, уште еден млад играч кој е блиску до договор со шпанскиот состав и има откупна клаузула од 17,5 милиони евра, што веројатно и значи најава дека бргу ќе го напушти Фенербахче.

Списокот на најавени засилувања ќе се комплетира со Ориол Ромеу, за кого Барса ќе треба да издвои 5-6 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни