Италија
Барѕалји се повлече од стручниот штаб на Јувентус
Јувентус започна со подготовките за продолжението на сезоната, но наредниот период нема да смета на Андреа Барѕалји, кој се повлече од својата улога во стручниот штаб на Маурицио Сари.
Барѕалји денеска им соопштил на челниците на клубот за својата одлука, а подоцна ја потврди и преку социјалните мрежи.
Италијанските медиуми тврдат дека не се работи за некој проблем или конфликт, туку едноставно во периодот без фудбал, поранешниот дефанзивец сфатил дека е премногу оддалечен од семејството и треба да минува повеќе време со нив.
– Денеска решив да и дадам предност на една фамилија на сметка на другата, Јувентус, со која секогаш ќе бидам поврзан и на која ќе и бидам вечно благодарен.
– Мојата благодарност најмногу е упатена до луѓето кои секогаш беа лично и професионално блиски со мене, како претседателот, тренерот, Фабиo (Паратичи) и Павел (Недвед). Луѓето кои влијаеја на мојот раст и кои овозможија дискретна и пријателска разделба, – стои во соопштението на Барѕалји.
Поранешниот италијански репрезентативец освои осум скудета со Јувентус, а му помагаше на Сари во работата со дефанзивците во првит тим. Според „Ла Стампа“, Барѕалји и неговото семејството решиле да се преселат во Фиренца кој е негов роден град.
-
Шпанијапред 17 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 21 час
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 18 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 20 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)