Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ја наполни мрежата на Кристал Палас за крај на серијата без победа во ПЛ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Arsenal

Арсенал рутински го победи градскиот ривал Кристал Палас (5:0) и успеа да ја прекине серијата од три натпревари без победа во англиската Премиер лига.

„Топчиите“ го скршија отпорот на противникот со два гола по изведени корнери во првиот дел, а два пати (еднаш половично) реализатор беше дефанзивецот Габриел, кој денеска реши да им ја олесни работата и да го намали притисокот на соиграчите од нападот.

Резултатот беше отворен во 11. минута, а 26 минути подоцна повторно Габриел со удар со глава ја испрати топката кон голот на Палас, но истата доби промена на насоката од страна на голманот Хендерсон, па тој погодок официјално му е припишан како автогол на голманот на гостите.

Арсенал стигна до десет гола по изведен корнер сезонава, со што е апсолутен лидер во Премиер лигата.

Тросар во вториот дел зголеми на 3:0, а во самата завршница Мартинели постигна два гола за две минути, комплетирајќи ја високата победа со резултат 5:0 во денешната прва премиерлигашка пресметка.

Арсенал сега е израмнет со Сити и има два бода помалку од лидерот Ливерпул, но со натпревар повеќе во ПЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни