Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри со јасна порака до Мбапе: Ако сакаш да се бориш за трофеи…

Објавено

на

Килијан Мбапе и сезонава нема да може да му се израдува на првиот трофеј во Лигата на шампионите, а веројатно и претстојното лето ќе биде поврзуван со заминување од ПСЖ.

Во таа насока била и препораката на Тјери Анри, кој по вчерашниот пораз на ПСЖ од Баерн, испратил јасна порака до сонародникот.

– Ќе биде многу тешко да го задржат, иако минатото лето тој одлучи да остане.

– Се работи за истата работа поради која јас го напуштив Арсенал.

– Сакам да се натпреварувам најмногу на светот, го сакав Арсенал, но сакав да се борам за трофеи. Па. ако сакаш да се бориш за трофеи Килијан, тогаш оди и бори се, – порачал Анри, без да спомене конкретен клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни