Поврзете се со нас

Евролига

Анадолу Ефес го одбрани домашниот терен и обезбеди место на завршниот турнир во Белград (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Анадолу Ефес дојдоа до вториот билет за завршниот турнир во Евролигата и тоа откако со 3-1 ја добија плејоф серијата против Олимпија Милано.

На турскиот тим му беше потребна уште една победа да ја затвори оваа битка, победа која ја оствари во Истанбул со 75-70. Со истата актуелниот европски првак си обезбеди место во Белград каде досега пласиран е и шпанскиот великан Реал Мадрид.

Двајца играчи се истакнаа во денешниот триумф, центарот Плајс имаше 25 поени со 6 скока, додека Мициќ имаше 20 кошеви, 5 скока, 4 асистенциии и 2 украдени топки.

Кај поразените кои имаа доста проблеми со повреди во оваа серија Датоме беше најистакнат со 21 кош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни