Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за малку ќе го уништеше освоениот трофеј од Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Wimbledon

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкарас по прв пат во својата кариера го освои трофејот на најпрестижниот тениски турнир Вимблдон.

Ова за Алкарас беше прво финале на грен слемот во Лондон и во истото по епска битка во пет сета славеше над Новак Ѓоковиќ. Со ова Карлос го запиша своето име во историјата на турнирот, но и уште еднаш потврди дека е лидер на новата генерација, играч кој може да доминира на оваа сцена во наредните 15 години.

Ваквиот резултат донесе голем интерес за Алкарас, па и медиумскиот гигант „Си-Ен-Ен“ бараше да разговара со него, но при таа нивна комуникација малку фалеше да биде оштетен трофејот кој беше освоен во неделата.

Беше побарано од него да ја покаже пехарот, меѓутоа истиот му падна со тоа што истиот заврши на местото каде што седеше инаку можеше престижната титула да биде оштетена, па и скршена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни