Поврзете се со нас

Шпанија

Заборави на трансфер шпекулациите: Де Јонг со специјално видео откри најубава можна вест од летниот одмор

Објавено

на

Френки Де Јонг ги користи слободните денови за да ужива во летниот одмор кој го заслужи по напорната сезона, но во период кога се поврзува и со можен трансфер во Манчестер Сити, Холанѓанецот реши да обелодени најважна вест од приватниот живот.

Играчот за врска на Барселона одлучи да сподели најрадосна можна вест, односно откри дека со неговата девојка Мики го чекаат првото дете и ќе станат родители.

Де Јонг објави специјално видео за пренесување на убавата вест, а тоа наиде на многу позитивни реакции од сите во клубот, а секако и од соиграчите кои му честитаат со пораките.

Френки е во долгогодишна врска со Мики и се уште немаат стапено во брак, но пред да дојде до тоа, двајцата се пофалија со вест која е најважна за секој во животот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни