Поврзете се со нас

Шпанија

ВАР скандал во Ла Лига: Судијата дојде и лично се извини по крајот на мечот (Видео)

Објавено

на

Понеделничката програма во Ла Лига донесе „дерби на дното“ во шпанската елита, а пресметката меѓу Кадиз и Елче го донесе најлошиот ВАР момент оваа натпреарувачка сезона.

Кадиз водеше 1:0 од раната фаза на мечот и имаше се на своја страна, но во 81-та минута прими гол од Понсе, кој требаше и мораше да биде поништен.

И покрај толку камери на теренот и покрај употребата на ВАР, судиите некако успеаја да добијат погрешен преглед за целата акција, која беше нерегуларна во самиот зачеток.

Еден од фудбалерите на Елче не успеа навреме да се извлече од офсајд и беше во недозволена позиција, но луѓето во ВАР не ја вратија акцијата до тој момент и голот за 1:1 беше признат.

Овој ВАР скандал ја крена на нозе цела шпанска јавност, а особено луѓето во Кадиз кои се огорчени од судиската неправда.

– Луис Рубиалес нека мисли помалку на Саудиска Арабија каде се игра Супер Купот и нека се посвети на ВАР. Чекам да ни ги вратат двата бода кои ни ги украдоа, – изјави претседателот на Кадиз, Мануел Вискаино.

– Ако ВАР се употребува за нешто правилно, тоа е за офсајд. Не ми се верува. Разговарав со судијата Дел Серо Гранде и тој дојде и лично ни се извини. Станува збор за многу сериозна грешка, – изјави тренерот на Кадиз, Серхио Гонзалес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни