Поврзете се со нас

Италија

Тео Ернандес признава дека има еден неостварен сон: Го држам телефонот и чекам

Објавено

на

Тео Ернандес не доби соодветна шанса во Реал Мадрид, но затоа го потврди својот потенцијал како фудбалер на Милан.

Трансферот на Французинот е еден од најдобрите зад кои стои Паоло Малдини, а самиот бек на Милан признава дека легендарниот дефанзивец лесно го убедил да пристигне на „Сан Сиро“.

– Малдини ме убеди да дојдам во Милан уште пред да го испиеме кафето. Ми се јави и дојде кај мене на Ибица, не можев да верувам дека е реално тоа што се случува бидејќи за мене тој секогаш бил легенда, – вели Ернандес.

Ако нешто му недостасува на Тео, тогаш тоа е повикот за настап во француската репрезентација.

– Јас чекам, но Дешамп се уште не ме побарал.

– За мене е сон да играм заедно со брат ми во француската репрезентација, двете сезони во кои сум тука секогаш играм за да се наметнам за националниот тим. Секогаш го држам телефонот во рака, – изјавил фудбалерот на Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни