Поврзете се со нас

Италија

Првото засилување на Јувентус пристигна во Торино (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус летово е поврзуван со повеќе фудбалери како евентуални засилувања на различни позиции, а веќе е сигурно дека првата промоција на клубот ќе биде организирана во чест на Тимоти Веа.

Американскиот репрезентативец попладнево пристигнал во Торино и бил пречекан од мала група фанови на аеродромот, по што оди на заслужен одмор во пресрет на вообичаените медицински прегледи.

Офанзивниот фудбалер е син на славниот Жорж Веа и доаѓа од редовите на Лил, за што Јувентус ќе издвои 12 милиони евра.

Претходно, Јувентус го потврди продолжувањето на договорот со Адриен Рабио и откупувањето на договорот на Аркадиуш Милик, додека клубот ќе го напуштат Ди Марија, Паредес и Куадрадо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни