Германија
Поранешен играч на Баерн: Борусија има мала предност на дербито

Борусија Дортмунд го пречекува Баерн Минхен во претстојното германско дерби, а гостите ќе допатуваат на „Сигнал Идуна Парк“ по шокантниот пораз од Сарбрикен и елиминацијата во Купот.
Борусија нема победа на последните девет натпревари во Бундеслигата против Баерн и само на еден од нив успеа да стигне до реми.
„Билд“ побарал мислење од Холгер Бадштубер за неговите очекувања од големото дерби, а поранешниот дефанзивец на Баерн им дава мала предност на домаќините.
– Баерн секогаш уживал во победите во Дортмунд, но овојпат ќе биде потешко, пред се поради проблемите во играта во одбрана. Ова нема да биде лесен натпревар за Баерн, па Борусија дури има и мала предност.
– Екипата на Баерн се уште ја нема потребната хемија и ова не е вина на тренерот, туку самите фудбалери мора да стигнат до потребната хомогеност на и надвор од теренот за да ги остварат посакуваните резултати.
– Овој проблем не беше видлив само против Сарбрикен, туку и на многу други натпревари сезонава, тоа јасно се гледа, – изјавил Бадштубер.
-
Италијапред 21 час
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 15 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 15 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 7 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 20 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…