Поврзете се со нас

Англија

Мерсон: Роналдо му ја упропасти стратегијата на Солскјер

Објавено

на

Пол Мерсон е уште еден од стручните коментатори на „Скај Спортс“, кој го коментираше отказот на Оле Гунар Солскјер од Манчестер Јунајтед.

Според легендата на Арсенал, Кристијано Роналдо му ги расипал плановите на менаџерот, кој според него имал солидна стратегија за третата сезона на клупата на „црвените ѓаволи“.

– Жал ми е за Солкјер, имаше добар план во пресрет на новата сезона.

– Се обидуваше да го доведе Џејдон Санчо подолго време и успеа да го доведе, а му обезбеди уште една сезона и на Единсон Кавани.

– Можеше да се забележат основите на неговиот план. Кавани ќе играше секој втор натпревар, го имаше Санчо на едната и Рашфорд на другата страна, а тука е и Гринвуд како можност за менување на балансот. Овие играчи му обезбедуваа брзина, моќ, енергија и млади сили на теренот.

– И тогаш, пред почетокот на сезоната клубот го доведе Роналдо, со што целиот план пропадна. Уште од првото коло не се подобар тим со Роналдо.

– Манчестер Јунајтед упропасти се што градеше изминатите сезони, само затоа што дозна дека Роналдо преговара со Манчестер Сити. Тоа не е исто со обраќање на Јунајтед до Јувентус за трансфер бидејќи Роналдо е фудбалерот кој и недостасува на екипата за да ја освои Премиер лигата.

– Не ме сфаќајте погрешно, Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот, тој е крал и фановите го сакаат, но тој е „ахилова пета“ на овој Јунајтед, – вели Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни