Германија
Матуес за враќањето на Хумелс во националниот тим: Секој треба да си го знае местото

Новиот германски селектор Јулијан Нагелсман првпат направи избор на фудбалери кои ќе треба да настапуваат за националниот тим, а на него се најдоа и ветераните Матс Хумелс и Томас Милер.
За Хумелс тоа е враќање во репрезентацијата по подолго време, а потегот на Нагелсман отвори и дебата во јавноста, во која очекувано се вклучи и легендарниот Лотар Матеус.
Матеус го поддржа изборот на Нагелсман за наследник на Ханси Флик, а смета и дека одлуката за Хумелс е исправна.
– Важно е како игра, а не неговите години, затоа и се согласувам Хумелс да се врати во националниот тим.
– За селекторот секогаш е добро да има околу себе искусни играчи, кои повеќе ќе размислуваат да преземат одговорност кога е потребно и да му помогнат, отколку да се прават паметни во медиумите.
– Она што е најважно за Нагелсман е да биде отворен со играчите и јасно да им навести зошто му се потребни и кога би сметал на нив. Не смее да се случи подоцна некој да се жали затоа што немал минутажа или одиграл само неколку минути.
– Знаеме колку се важни Хумелс и Милер за нивните тимови, а Милер одлично ја прифати новата ситуација во Баерн. Сигурно знае дека Мусиала веќе има предност во однос на него, а истото ќе биде и во случајот со Хумелс.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 18 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 20 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него