Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Левандовски се повреди, замената Торес донесе победа за Барселона, Њукасл го прегази ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Феран Торес влезе како принудна замена за повредениот Роберт Левандовски и го постигна единствениот погодок за победа на Барселона на гостувањето во Лигата на шампионите кај Порто (0:1).

Торес го постигна голот за победа во надополнувањето на првиот дел, а до крајот гостите останаа без Гави, кој заработи црвен картон во 93. минута, но барем ја задржаа предноста до крајот на жешкиот терен на „О Драгао“.

Њукасл го прегази ПСЖ на домашен терен (4:1) и стигна до првото место во групата, во која Борусија Дортмунд и Милан одиграа натпревар без голови (0:0).

Алмирон, Брн, Лонгстаф и Шар беа стрелци на погодоците за премиерлигашот, додека Ернандес беше реализатор на единствениот погодок за францускиот првак.

Манчестер Сити водеше од 25 до 48. минута со голот на Фоуден, но Лајпциг се врати во игра со погодокот на Опенда за израмнување. Сепак, Пеп Гвардиола можеше да се радува на крајот бидејќи Алварез и Доку постигнаа по еден гол за конечни 1:3.

Лацио го победи Селтик со гол на Педро во последната минута (1:2), додека Црвена Звезда и Јанг Бојс ремизираа во Белград со конечни 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни