Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ по поразот од Лејкерс: Научив една работа од коњските трки (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ забележа трипл-дабл во четвртиот дуел на Денвер со Л.А Лејкерс, но тој ефект не беше доволен за посакуваната втора гостинска победа на актуелниот шампион.

Лејкерс закажаа петти натпревар во серијата, а по средбата Јокиќ зборувал со новинарите на различни теми, вклучувајќи го и текот на натпреварите против актуелниот противник.

Денвер како и на претходните натпревари, одигра послабо прво полувреме во кое противникот имаше плус 13 по две четвртини, а Јокиќ смета дека тоа не било главната причина за поразот во Ел-Еј.

– Од коњските трки научив дека не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш. Денеска ние не завршивме добро и се надевам дека ќе се подобриме веќе на следниот натпревар.

– Лејкерс играа одлично во напад, додека ние не погодувавме шутеви, а тоа влијаеше и на играта во одбрана, – рекол Јокиќ по поразот на Денвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни