Поврзете се со нас

Италија

Гарсија: Не постои само 4-3-3 во фудбалот

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи се врати од два гола негатива на дерби пресметката против Милан и на крајот освои бод, иако во самиот финиш можеше да дојде и до три бидејќи последната шанса на мечот ја имаа токму домаќините.

Квича Кварацхелија се најде во добра позиција, па и покрај тоа што биеше силно со својата послаба лева нога, не беше доволно прецизен и му овозможи на Мењан да запише интервенција.

На крајот, играчите и навивачите на Наполи беа многу позадоволни од тоа што беа еден час претходно, бидејќи Милан целосно доминираше во првиот дел и можеше да постигне и повеќе од два гола.

Руди Гарсија како тренер на Наполи се реши да направи важни промени и всушност го измести и системот за вториот дел, па наместо традиционалниот 4-3-3, тимот почна да игра со 4-3-1-2. За жал, една од жртвите повторно беше Елиф Елмас, кој беше повлечен на паузата меѓу двете полувремиња.

– Сакав да го променам системот, бидејќи не постои само 4-3-3 во фудбалот. Имаме напаѓач како Чолито Симеоне и играч меѓу линии каков што е распадори. Наместо да вршиме пресинг високо со повеќе играчи за врска, потребен ни беше уште еден напаѓач и затоа направив тројна промена. Во вториот дел ја видов вистинската глад во мојот тим и тоа е она што сакам да го видам, – изјави Гарсија.

Оваа изјава воедно е и еден вид одговор за Аурелио Де Лаурентис, кој пред извесно време откри дека го ангажирал Гарсија само порадитоа што негува формација 4-3-3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни