Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Челси минимално против Малме, речиси цел меч за репрезентативецот Ракип (Видео)

Објавено

на

Екипата на Челси славеше минимална, но заслужена победа на гостувањето во Малме против истоимениот тим во четвртото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Англискиот тим со 1:0 го совлада шведскиот состав кој сега пружи поголем отпор за разлика од пред две недели кога на „Стемфорд Бриџ“ загуби со високи 4:0.

Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Хаким Зијеш кој го пронајде патот до мрежата во 56. минута.

Со оваа победа, Челси дојде на чекор до пласман во нокаут фазата и ќе чека победа на Јувентус на натпреварот со Зенит за и официјално двата клуба да си ја завршат работата на две кола до крајот на групната фаза.

На оваа средба 88. минути на теренот помина македонскиот репрезентативец, Ердал Ракип кој беше во стартниот состав на Јон Дал Томасон.

Од 18:45 часот се играше уште еден натпревар од Лигата на шампионите во кој Волфсбург со 2:1 славеше против Салцбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни