Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико го презема второто место, Симеоне ги „поздрави“ критичарите на неговиот тим

Објавено

на

Убедливата победа над Кадиз значеше искачување на Атлетико Мадрид на второто место на табелата во Ла Лига, а тренерот Диего Симеоне ја искористил шансата да потсети на критиките кои тој и неговиот тим ги добивале пред мундијалот.

Шпанските медиуми тврдеа дека Симеоне веќе нема свежи идеи и Атлетико не може да напредува, но добрата серија изминатиот период донесе одлична позиција зад лидерот Барселона.

– Не знам што ќе се случува до крајот, но вреди да потсетиме дека многумина ја загубија вербата во нас.

– Постоеја многу луѓе кои не ни веруваа, но јас знам што правам. Работите во фудбалот се менуваат брзо и нема потреба да се зборува толку рано. Фудбалот е тоа што ќе го остварите на крајот на сезоната, а не на почетокот, – истакнал Симеоне.

На пет кола до крајот, Атлетико има бод предност во однос на градскиот ривал Реал Мадрид, кој беше истиснат на третата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни