Поврзете се со нас

Италија

Албертини: Милан треба да сонува за Скудетото поради две причини

Објавено

на

Милан во изминатиов период ги немаше посакуваните резултати во Серија А и со тоа му овозможи на Интер да ја презеде лидерската позиција, но и воедно да направи голема разлика од девет бодови.

Ова дефинитивно го става Интер во пол позиција за Скудетото, но според Деметрио Албертини „росонерите“ не смеат да се откажуваат, поточно мора и понатаму да веруваат, сонуваат дека можат да ја освојат титулата.

-Неопходно е да се гледа напред, ако гледате назад стравот може да се појави. Треба да продолжите да сонувате за титулата од две причини: прво да не се каете на крајот, можно е Интер да има киксови на некои мечеви, не доминираа против Аталанта и Торино.

-Ако забават, ќе биде уште полошо ако Милан не се обиде затоа што ако целите високо, имате поголема мотивација, знаете дека играте за најважната цел што постои, ,-вели Албертини кој смета дека се може да се случи.

-Сè уште може да се случи. Одлучувачкиот момент доаѓа сега во пролет, -порача Деметрио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни