Европски првенства
Томовски: Променивме некои работи, оваа победа е од големо значење

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов
Македонија ги заборави неуспесите против Франција и Германија и со квалитетно издание дојде до триумф над Швајцарија (29:27) во последната средба на Европското првенство.
Победнички крај на шампионатот: Македонија заигра на највисоко ниво и ја реши Швајцарија
За разлика од претходните наши средби во Диселдорф и Берлин, вечерва функциониравме на далеку подобро ниво, а една од главните причини дефинитивно беше голманот Мартин Томовски кој имаше свој ден со 12 одбрани.
-Чувството е прекрасно. Како тим, колектив собравме сила, променивме некои работи, бевме поефикасни во нападот, одбраната беше на ниво. Честитки до колегите за оваа победа која е од големо значење по поразите од Франција и Германија, се издигнавме и покажавме нешто поразлично.
-Имаше тешко периоди и добри моменти, ама најважно е кога оди да останеме скромни. Кога е пак тешко да најдеме начин за да справиме од таа криза. Верувам дека кој и да беше од нас (Митревски, Кизиќ) ќе ја завршеше работата, ние сме еден посебен тим на различна позиција, -рече Томовски.
„Црвено-жолтите“ го завршија шампионатот како третопласирани во групата А зад фаворизираните Германија и Франција.
Лазаревски по триумфот над Швајцарија: Треба да имаме верба во оваа репрезентација
-
Свет18 часа
„Топка со очи“: Белингам го извади од игра цел албански тим со еден потег (Видео)
-
Англија14 часа
„ОПТА“ открива: Кој фудбалери оди, а кој трча најмногу во Премиер лигата
-
Репрезентација10 часа
Македонија супериорна во Вадуц: „Тројка“ за идеален почеток на квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
Лига на шампиони10 часа
Алварез за спорниот пенал против Реал: Ја гледав снимката илјада пати…(ВИДЕО)
-
Репрезентација11 часа
Атрактивен гол на Муслиу, Македонија има сигурна предност во Вадуц (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Тухел разочаран од двајца англиски стартери: Во клубовите играа на многу повисоко ниво
-
Формула 119 часа
Прва победа со Ферари: Хамилтон триумфираше на спринтот во Кина