Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаревски по триумфот над Швајцарија: Треба да имаме верба во оваа репрезентација

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација ја победи Швајцарија за позитивен крај на настапот на Европското првенство, а избраниците на Кире Лазаров заслужено го надиграа третиот противник во групата за трета позиција на конечната табела.

Милан Лазаревски е меѓу ракометарите кои добија многу важно искуство со настапот на ЕП во Германија, а уште еднаш порача дека навивачите треба да имаат верба во оваа генерација на нашиот национален тим.

– Честитки до сите ракометари, одигравме фантастично, иако имавме и падови во текот на натпреварот.

– Дојде до израз психичката стабилност за која мислам дека ја поседуваме, мислам дека се потврди мојата изјава од пред некој ден дека оваа репрезентација има квалитет и треба да имаме верба во неа.

– Времето ќе покаже, но јас сум позитивен и очекувам многу подобри резултати во иднина, – изјави Лазаревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни