Поврзете се со нас

Европски првенства

Победнички крај на шампионатот: Македонија заигра на највисоко ниво и ја реши Швајцарија

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Швајцарија од 29:27 во последниот меч на Европското првенство.

Избраниците на Кирил Лазаров го одиграа најдобриот натпревар на шампионатот, знаеја што прават од почетокот до самиот крај и сосема заслужено дојдоа до триумф над „стариот пациент“ со оглед на тоа што ова беше седмо славје во низа над Швајцарците.

Ние водени од фантастичниот Томовски беше фантастично во првиот дел, голманот на Вардар блескаше на голот, а на другата страна имавме одлични решенија и на пауза заминавме со предност од 13:9. Во вториот дел не беше се идеално, водевме и со пет разлика, меѓутоа имавме и падови, противниот се залета и го сврти резултатот.

Во неколку наврати Швајцарија водеше со еден разлика, ама ние враќавме и на крајот со серија од 3-0 забележавле славје кое е важно кога се работи за баражот за СП.

Томовски забележа 12 интервеннции, Кизиќ имаше 2 важни одбрани во второто полувреме,Митев и Костески со по пет погодоци беа најефикасни во нашиот табор. Ветеранот Шмид со 11 реализации беше прв стрелец на натпреварот.

Со 1 победа и 2 порази од Франција и Германија го затвараме ова 16 Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни