Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за конфликтот на двете ѕвезди во првиот тим: Се случуваат такви работи на теренот

Објавено

на

Манчестер Јунајтед не знаеше за пораз од почетокот на месец ноември, но добрата серија на резултати беше прекината на дерби пресметката против Арсенал на „Емирејтс“.

Тимот на Ерик Тен Хаг прими гол во самата завршница и загуби со 3:2, а во исцрпните анализи за натпреварот, најголеми критики од медиумите и експерите доби Антони.

Бразилецот се најде на удар во јавноста за изданијата со кои не ја оправдува сумата која беше платена за него во летниот преоден рок, но Тен Хаг смета дека Антони не игра толку лошо и дека Јунајтед е подобар тим со него во стартната постава.

– Кога Антони игра, тимот речиси секогаш победува. Тоа е добра порака за сите кои го критикуваат. Тој може да биде подобар и сите го знаеме тоа. Сакаме да биде подиректен и да биде повлијателен во играта, но тимот сигурно е подобар кога тој е на теренот. Постигна голови на последните натпревари и постојано се подобрува. Задоволни сме, но сметаме дека може да понуди и многу повеќе со својот талент и квалитетите, – изјави Тен Хаг, кој се огласи и за конфликтот кој го имаа Бруно и Антони на мечот против Кристал Палас.

– Такви работи можат да се случат во фудбалот. Тоа се двајца играчи кои оставаат срце на терен и понекогаш не знаат да пронајдат баланс. Емоциите знаат да избувнат во секунда, но нема никаков проблем. Тие имаат многу добар однос и нема ништо фрустрирачко, – додава Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни