Поврзете се со нас

НБА

Вашингтон повторно „џокер“ на Далас, Маверикс поведоа во серијата со Оклахома Сити

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг постигнаа по 22 поени, а Далас го доби третиот натпревар со Оклахома Сити (105:101) за водство во серијата од НБА плејофот со резултат 2:1.

Натпреварот донесе неизвесност до самиот крај, но Далас постојано водеше и во последниот период, ниту еднаш не дозволи противникот да дојде до предност и на крајот подобро се снајде во решавачките напади за многу важен триумф.

Важен фактор за домашниот тим повторно беше Пи-Џеј Вашингтон, кој беше најдобар реализатор со 27 поени, а за одбележување се и 15-те скокови на Дончиќ, како и ефектот на Лајвли кој го заврши дуелот со 12 поени и 8 скокови.

Гилџус-Александер имаше дабл-дабл учинок со 31 поен и 10 скокови, додека Вилијамс со 16 поени беше втор најдобар стрелец во гостинскиот тим.

Далас со оваа победа го задржа брејкот од вториот натпревар и има водство во серијата во пресрет на уште еден натпревар кој ќе го игра на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни