Поврзете се со нас

Шпанија

Напаѓачот на Гранада го нападна Куман: Ти си кловн и идиот (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Барселона во супер интересен, драматичен, но и луд меч се избори за победа над Гранада и со тоа обезбеди место во полуфиналето на Купот на Шпанија.

„Каталонците“ во самата завршница на регуларниот дел успеаа да дадат два гола и да го одведат натпреварот во продолженија во кои дадоа три гола, примија еден и со вкупни 5-3 дојдоа до следната фаза во Копа Дел Реј.

Ваквите настани на теренот донесоа нервоза, па имаше препирки на трибините, поточно меѓу стручните штабови и резервните играчи. Напаѓачот на Гранада, Роберто Солдадо не можеше да поднесе како Роналд Куман се радуваше на головите, па почна да го навредува:

-Тој е идиот, идиот. Ти си кловн, ти фали скромност, -викаше Солдадо кој пак имаше бурна прослава на својот погодок на теренот при водството од 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни