Поврзете се со нас

АТП

Надал: Само Ѓоковиќ може да го запре Алкарас

Објавено

на

Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ одиграа фантастично финале на Вимблдон, финале кое траеше скоро пет часа и пет сета во кои конечна победа оствари првиот светски рекет.

Шпанецот во завршниот сет беше подобар од 6-4 по што заслужено тргна да ја слави првата титула на Вимблдон, вкупно втора на грен слем сцената. Ваквиот негов настап против еден великан како Ѓоковиќ кој долго време беше неприкосновен на овој турнир доволно говори за квалитетот, потенцијалот на Алкарас кој има само 20 години.

Тони Надал е свесен за квалитетите на сонардоникот за кого е уверен дека ќе доминира во белиот спорт во наредниот период затоа што нема адекватна конкуренција.

-Искрено, не гледам играч во светот на тенисот со исклучок на Ѓоковиќ кој способен да го запре подемот на Карлос. Ѓоковиќ нема многу години кариера пред него, па мислам дека шпанските навивачи ќе имаат можност да уживаат во уште многу натпревари, уште многу победи во недела во попладневните часови.

-Го видовме нашиот играч збунет на почетокот на натпреварот, па многумина од нас помислија дека Србинот ќе додаде уште еден грен слем трофеј во својата ризница. Сепак, момчето од Мурсија реши да започне од нула во вториот сет, брзо заборави се што се случи во првиот и постепено успеа да ја сврти ситуацијата,  -истакна чичкото на Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни