Поврзете се со нас

Свет

Манасков втор стрелец во победата на Веспрем

Објавено

на

Екипата на Веспрем со пресврт дојде до 23. победа во првата лига на Унгарија и тоа во пресметката против НЕКА.

Домаќините имаа изненадувачка предност од 17-16 по првото полувреме, меѓутоа по паузата работите си дојдоа на свое место, четата на Момир Илиќ заигра цврста одбрана и притоа во исто време играше ефикасно во нападот, па со 17-7 дојде до конечен триумф од 33-24.

Лукач со седум гола беше прв стрелец кај Веспрем, додека веднаш зад него беше нашиот репрезентативец Дејан Манасков со пет погодоци.

Деки и компанија сега имаат 48 поени и ја држат првата позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни