Поврзете се со нас

Европски првенства

Кулушевски во изолација поради позитивен ковид тест

Објавено

на

Шведската фудбалска репрезентација ќе го започне Европското првенство без Дејан Кулушевски, но и со комплицирана ситуација поради строгите протоколи на УЕФА.

Фудбалерот на Јувентус се заразил со коронавирусот и веќе е во изолација, објавија Швеѓаните, додека сите останати членови на националниот тим се во изолација.

– Дејан утринава имаше температура и направениот тест покажа дека е позитивен на ковид-19.

– Сега се надеваме дека не заразил некој од своите колеги од националниот тим, – изјавил претставник на лекарскиот тим на шведската репрезентација.

Шведска го започнува својот настап на ЕП на 14. јуни и тоа со тежок натпревар против Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни