Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Знаев дека нема да играме во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп зборувал искрено пред новинарите на вчерашната прес-конференција, а главна тема секако бил неуспехот на „црвените“ да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Менаџерот не ја избегнувал оваа тема, потенцирајќи дека одамна му било јасно дека Њукасл и Манчестер Јунајтед нема да ја прокоцкаат својата шанса.

– Уште пред ова коло знаев дека нема да играме во ЛШ, односно дека Јунајтед и Њукасл ќе го освојат бодот кој им е потребен за потврда на Топ 4 пласманот.

– Секогаш сум оптимист, но во случајов не гледав начин како можеме да ги престигнеме, а ние веќе долго знаевме дека ова нема да биде историска сезона за нас.

– По подготовките во Дубаи по СП освоивме многу бодови, но тоа требаше да го правиме во текот на целата сезона. Нема да играме во ЛШ поради резултатите од почетокот на сезоната, а не од последните десет натпревари.

– Не очекувам овој исход да влијае на нашите трансфер активности, но никогаш не можете да бидете сигурни како ќе се развиваат работите, – истакнал Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни